Солени коктел спирали
Спираливе се одлично мезе за секоја празнична гозба. Многу брзо се подготвуваат и можат да се направат и во посна варијанта, доколку се исклучи пармезанот од тестото .
Начин на подготовка
1. Во полабок сад ставете ги сите суви состојки за тесто (брашно, сол, шеќер, квасец и пармезан). Ставете го маслото и со постепено додавање на топла вода замесете меко тесто. Тестото не е потребно да стасува
2. На работната површина, со сукалка развлечете правоаголна кора со дебелина од 5 мм. Кората поделете ја на две половини. Врз едната половина ставете ги тенките парчиња пршута, а врз другата наросете го миксот од семиња и зачини. Убаво притиснете со рака, за да не испаднат зачините при виткањето на спиралите. Со нож или алатка за сечење на пица, поделете го тестото на тенки лентички. 3. Секоја лента виткајте ја како спирала и ставајте ја во плех за печење. Печете во загреана рерна на 180-200 степени, додека да заруменат ( 10-тина минути).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови