Солена торта со пиперки и тиква(посно)
Посно, а многу вкусно. За Новогодишната посна трпеза топло ви ја препорачувам.
Подготовка:
1. Во тава на оган ставете малку маслиново масло. Додајте го кромидот исечен на резанки. Откако ќе почне да омекнува, додајте ја тиквата исечена на коцки. Пржете неколку минути. Додајте ги пиперките исечени на поголеми парчиња. Пржете 4-5 минути. Посолете, измешајте и оставете убаво да се олади.
2. Во меѓувреме во длабок сад измешајте ги водата , маслото, пецивото и солта. Со постепено додавање на брашното замесете го тестото. На хартија за печење посипете малку брашно и расукајте го тестото во округла кора со дебелина од 0.5цм.
3. Со помош на хартијата, ставете ја кората во округол калап(24цм), на дното обложен со хартија за печење, а страните премачкани со масло. На кората наредете ги тенките парчиња сирење, а одозгора изладениот зеленчук.
4. Печете на 180 степени, 35-40 минути. Испечената торта оставете убаво да се олади во калапот, а потоа извадете ја. Има преубави бои и сигурно ќе ви ја краси Новогодинешната трпеза.
Лиценца: Сите права се задржани