4
дек
2018
Солена торта со ајвар (посно)
За оваа солена торта потребно е да се испечат две кори. Сите состојки ги соединуваме во длабок сад и матиме со жица за матење. Јас ја печев во делимано округлата тава бр. 28, попрактично е во правоаголна, но димензијата е таа. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.
Филот се подготвува, така што компирот се гмечи со вилушка, се додава масло и мајонез и зачини по желба. Количината на состојките може и да варира од дадените. Се премачкува едната кора со околу половина од филот, а другата половина се премачкува одозгора.
Најгоре ставив сув копар.