Солена торта од палачинки
На мојата маса многу често се наоѓа оваа солена торта од палачинки.
Подготовка.
1. Од дадените состојки подгответе го тстото за палачинки и оставете го да одстои околу половина час.
Од готовото тесто испечете околу 20-сетина палачинки, но и не мора може и повеќе, а и помалку во зависност од тоа колку сакате да биде висока тортата.
Готовите палачинки покријте ги со платнена кјрпа за да не се сушат, а и малку да омекнат.
2. На садот во кој што ќе биде тортата/плитка чинија или послужавник/ставете една палачинка на средината. Намачкајте ја со салата од изварка/или ако сакате посолено од сирење/ и павлака, ставете друга палачинка и намачкајте ја со руската салата и така повторувајте се додека имате салата и палчинки, а и до саканата висина на тортата.
Последната палчинка обично ја намачкувам со салата од изварка и павлака. Горната површина на последната палачинка останува не намачкана. Малку подстегнете одгоре за да може поубаво да се соединат палчинките со салатите.
3. Осанува уште само да ја насечете по ваша желба. Можете на ромбови или на начинот како што ја имам јас насечено на самата слика во вид на цвет.
4. Начинот на сечење на тортата во вид на цвет
Тортата се сече на 8 еднакви делови. Секоја осминка од тортата ја започнувате да ја засекувате од средината на една од страните на осминката и сечете се до крајот на нардната осминка. Ова го повторувате на секоја осминка и тоа во спротивен правец на движењето на стрелките на часовникот. Сечете со оштар и тенок нож и притоа внимавајте кога ќе дојдете до некое зрно грашак од руската салата,задржете со прст одгоре и продолжете со сечење/.
Убаво изматете ја неутралната павлака за готвење со киселата павлака, да добиете цврст снег како од слатка павлака. Ставете го во готварски шприц и по ваша желба украсете ја тортата одгоре, а и од страната на самата чинија. Додадете магдонос и насецкана /изрезбана /роквица.
Лиценца: Сите права се задржани
Навистина многу декоративно за на маса.Би сакала да приготвам вакво нешто