Еве и од мене предлог за убава солена тарт торта,набрзина спремена и со светлосна брзина изедена.Идејата ми светна откако ми се најавиа пријатели со кои мераклиски се дружиме или на кумановски „идени муабет“.Убаво е чуството кога ќе добиеш позитивни критики...
Подготовка.
Започнуваме со подготовка на тестото,во сад ги кршиме јајцата и матиме со миксер.Во нив ги додаваме зејтинот,јогуртот,прашокот за пециво,брашното и мешаме додека не добиеме малку погуста смеса од палачинки,во смесата на крај ги додаваме ситно сецканите маслинки .Сипуваме во подмачкано тавче за тарт посолуваме буковец и печеме на 220степени петнаесетина минути.
Фил
Јајцата изматете ги со миксер и во нив додадете ги ренданото сирење и кашкавалот,сецканиот чаен колбас и ориганото.Оваа смеса ја сипуваме десетина минути пред крај на печењето.Оставете да се излади и послужете...
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани