Солена лисната пита
Парчињата аспарагус ставете ги во зовриена вода да се обарат (5-10 минути).
Во округло плекче обложено со хартија за печење ставете го лиснатото тесто и избоцкајте го на повеќе места со вилушка.
Сварените и изладени компири исечете ги на тенки кругови и наредете ги врз лиснатото тесто..
Посолете ги и наросете мелен црн бибер.
Во подлабок сад изматете ги јајцата и додајте ја павлаката за готвење.
Убаво со жица разматете и додајте ги пармезанот и ренданиот кашкавал.
Посолете малку, измешајте и истурете ја смесата во плекчето врз компирите.
Одозгора наредете ги кружно обарените парчиња аспарагус, и во средината ставете еден шери домат.
Печете на 180 степени, 35 минути.
Лиценца: Сите права се задржани