Феноменален рецепт за солен карамел кој одлично оди со сладолед, браунис, колачиња и торти. Солта го истакнува вкусот и му дава еден посебен шмек на овој карамел.

Подготовка
Водата, шеќерот и солта ги ставаме во тенџере и ги загреваме. Шеќерот треба да ни се растопи и карамелизира, до светло златна кафеава боја. Внимавајте да не го загорите!
Го тргаме на страна па додаваме путер и слатка павлака. Промешуваме и го оставаме да се излади и згусне.
Ќе ви се чини дека е многу течен но само додека да се излади. Ставете си го во тегличка и одложете во фрижидер. Ако не го искористите како прелив во слатки и сладолед, земајте лажичка и сладете се!

Забелешка
Чашата е од 250 мл или 1 кап.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани