Сок за растворање-сируп од аронија
Многу вкусен сок, а кои се бенефитите од аронијата веќе сите ги знаеме.
Подготовка:
1. Аронијата се чисти и мие.
2.На оган се ставаат да зовријат 2,5 л. вода со 2,5 кг. шеќер. Штом зовријат се додава аронијата и се вари 2-3 минути. Се трга од оган и се остава да се излади.
3.Потоа се поминува низ Нутрибулет и се цеди преку сито, а можи да се стави и газа. Изблендираната аронија повеќе не ни треба.
4.Течноста се налева во тенџере и повторно се враќа на умерен оган. Се вари околу 10 мин, откако ќе зоврие. При крај се додава лимонтусот или сокот од лимон.
5.Се собира жешко во жешки шишиња. Се завиткува така да излади.
На здравје!
*Забелешка - Аронијата е најдобро да се собери кога ќе ја фати првиот мраз, за обвивката да и омекни. Мојата беше набрана во август и затоа ја ставив извесно време во длабоко замрзнување да замрзни. На крајот на август е најблага.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови