Совршен сендвич со домашен интегрален леб
Обожавам комбинации на вкусови, а оваа ептен ми се погоди.
Рецептот за сушените домати во маслиново масло е од биберче, а интегралното лепче го спремаме дома по ОВОЈ рецепт, од наше пченично брашно, мелено на воденица.
Лепчето мераклиски го печеме во калапите за векни до Делимано, а подготовката е лесна и едноставна.
Исечете тенки парчиња од лепчето или ако користите купечки може веќе и да се исечни во дебелина која совршено одговара.
На двете парчиња леб ставете ги сушените домати. Нема потреба од премаз, маслиновото масло ќе го натопи лепчето и ќе му даде феноменален шмек.
Сланината или свинскиот врат убаво испржете ги од двете страни, да крцкаат, а кромидот исечето го на кругови. Наредете ја сланинат врз доматите, врз неа кромидот, ставете го второто парче леб и уживајте во магијата.
Пријатно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани
и јас мислам дека со сланина животот е поубав, многу многу поубав, евентуално чварки се конкуренција :)))
биберче ДА БЕ! :)
ние сувомеснато не купуваме за дома. или наше или ич :)