Домати сушени во рерна
Минатата зима кај кумата на гости ги пробав и се заљубив! Ние дома освен сос (салца) и кечап како зимница не конзервираме домати, па одлучив да направам промени во традицијата.
Нема ништо комплицирано, единствено за да се направи некоја пристојна количина потребно е доста време.
Доматите се сечат на половина, па потоа на полумесечинки (рецептот вели да се со дебелина од 1 цм но јас не внимавав на тоа). Легнати се редат на плех обложен со хартија за печење, се попрскуваат со сол, шеќер, мајчина душица, рузмарин и маслиново масло. Но, мојот сопруг не е во љубов со рузмаринот, па јас го заменив со босилек. Вие секако можете да си ставите и други зачини по избор.
Се редат три плеха на различните нивоа во рерната и се сушат на 100-130 степени околу 2 часа и се оставаат во исклучена рерна уште половина час. Внимавајте да не ги исушите сосема!
Потоа се ставаат во мали теглички заедно со се што останало на хартијата за печење и убаво се притискаат. Одозгора се покриваат со еден прст маслиново масло и се враќаат во рерна на 100 степени половина час.
Ете толку е!
За една доза ви се потребни околу 2,5 кг домати, а од нив ќе наполните само две малечки тегличи (од 370 гр). Затоа во рецпетот ставив 10 кг домати кои би ги сушеле на четири пати.
Јас оваа година користев многу сочен јабучар на кој му требаше нешто повеќе време, но тоа ми беше единствената хемиски нетретирана сорта која ја имав на располагање, а тоа ми беше важно. Догодина ќе пробам да најдам некоја посува сорта и секако не толку наводнувана.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
слики кога ќе стигнам ќе ставам. кај нас дома време не е едниница мерка, туку само дали врне, грее сонце, дува ветер - тоа е време :) :) :) :)
кога го видов сендвичов му реков:
- ако некогаш се разведам ќе те барам за маж!
мртов ладен и не изненаден ми рече
- може - и си продолжи со спремање сендвичи. зема лепче и со внатрешната страна го мацна во зејтинот во кој што се пржеа кобасиците. кога го видов тоа морав да прашам
- и што рековме за кога ни е закажана свадбата? =))))))))))