Испечати

Домати сушени во рерна

Домати сушени во рерна

Состојки

  • 10 кг домати
  • по желба босилек
  • по желба мајчина душица
  • по желба сол
  • по желба шеќер
  • по желба маслиново масло

Подготовка

Минатата зима кај кумата на гости ги пробав и се заљубив! Ние дома освен сос (салца) и кечап како зимница не конзервираме домати, па одлучив да направам промени во традицијата.
Нема ништо комплицирано, единствено за да се направи некоја пристојна количина потребно е доста време.
Доматите се сечат на половина, па потоа на полумесечинки (рецептот вели да се со дебелина од 1 цм но јас не внимавав на тоа). Легнати се редат на плех обложен со хартија за печење, се попрскуваат со сол, шеќер, мајчина душица, рузмарин и маслиново масло. Но, мојот сопруг не е во љубов со рузмаринот, па јас го заменив со босилек. Вие секако можете да си ставите и други зачини по избор.
Се редат три плеха на различните нивоа во рерната и се сушат на 100-130 степени околу 2 часа и се оставаат во исклучена рерна уште половина час. Внимавајте да не ги исушите сосема!
Потоа се ставаат во мали теглички заедно со се што останало на хартијата за печење и убаво се притискаат. Одозгора се покриваат со еден прст маслиново масло и се враќаат во рерна на 100 степени половина час.
Ете толку е!
За една доза ви се потребни околу 2,5 кг домати, а од нив ќе наполните само две малечки тегличи (од 370 гр). Затоа во рецпетот ставив 10 кг домати кои би ги сушеле на четири пати.
Јас оваа година користев многу сочен јабучар на кој му требаше нешто повеќе време, но тоа ми беше единствената хемиски нетретирана сорта која ја имав на располагање, а тоа ми беше важно. Догодина ќе пробам да најдам некоја посува сорта и секако не толку наводнувана.