Сникерс торта
Сникерс е омилената торта на мојот внук. Јас ја правам по овој рецепт години. Тестото е ровито и вкусно.
Прво се прави тестото. Се бијат белките постепено додавајки го шеќерот. Кога ќе се добие цврст шам се додава брашното измешано со пецивото мешајќи со дрвена лажица. На крајот се додаваат мелените кикирики. Значи кикириките одат во тестото. Се печи во плех од рерна на 200С -25мин. Се остава да олади тестото и се сечи на 3 ленти. Јас оваа торта ја правев дупла мера.
Фил-Во длабок сад се става водата да зоврие заедно со шеќерот. Откако ќе се стопи шеќерот се додава чоколадата и таа да се растопи. Се трга настрана и се додаваат жолчките една по една матејќи со миксерот. Така ке се добие една хомогена смеса. Се остава да олади така и филот со чоколадата ќе се стегне. Настрана се мати маргаринот со шеќерот во прав и се меша со филот од оладената чоколада.
Сега останува филувањето. Се филуваат кора фил, кора фил....Ако сакате одозгора да има фондан последно да биди кората, ако не може да остане одозгора со фил и стопена чоколада.
Јас ја украсив со фондан домашен со шеќер во прав и глицерин. Тој ми е најубав и најличен.Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани