Со задоцнување стигнува и мојата роденденска торта.

1. Можете веднаш да го подготвите целото тесто, па потоа да поделите на 2 дела или да печете кора по кора.
Во сад за матење ставете го јајцето и шеќерот и матете убаво додека не се растопи. Во друг сад просејте ги брашното и какаото, додадте ги солта, содата и пецивото и промешајте малку. Кога шеќерот е целосно растопен во неколку наврати додавајте од сувите, па од водените состојки. На крај додадете ја ванилата и кафето и убаво измешајте. Во округол калап бр. 24 обложен со хартија излијте ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна прво на 200, а потоа на 180. Во зависност дали ќе печете наеднаш или една по една кора, времето е различно. Јас печев една по една, околу 25-30 мин (ќе си проверите со чепкалка). Тестото има тенденција да се крене во средината, па проверувајте од време на време за да не добиете голем мафин =))).
Кога корите се готови, извадете ги на послужавник и оставете целосно да се изладат.
2. За филот. Путерот (на собна температура) убаво изматете го со шеќерот во прав. Потоа додадете го и путерот од кикирики и ванилата и матете да се соединат. На крај додадете ги и кикириките, изматете убаво и оставете го на страна.
3. Карамел кремот треба да се подготви непосредно пред да поченете со филување. Во нелеплива тава на среден оган ставете го шеќерот да се растопи. Не мешајте, туку повремено протресувајте ја тавата за целосно да се растопи шеќерот. Кога ќе се добие убава медова боја додадете ги коцките путер и дури тогаш промешајте со лажица. Мешајте подолго време додека путерот убаво да се соедини. Потоа постепено додавајте од павлаката (внимавајте прска) и мешајте се убаво да се соедини. Тргнете од оган. За да се згусти малку повеќе и побрзо да се олади ставете во сад за матење и матете додека не се згусне малку.
4. Е сега да ја составиме =)
Нанесете половина од филот врз едната кора и убаво израмнете. Ставете убав слој од карамелот (да не се разлие од страна) и од горе ставете од кикириките. Ставете ја внимателно другата кора, па премачкајте ја целата торта со остатокот од филот. Од горе повторно ставете од карамелот и ставете од кикирите. Целата торта и од страните облепете ја со сецакните кикирики. Така подготвена оставете ја во фрижидер малку да се стегне.
Мене ми остана од карамелот кој слободно може да си го ставите во тегличка и во фрижидер да се искористи и за нешто друго.
5. За глазурата во сад на оган ставете ги слатката павлака и чоколадото да се рстопат. Оставете малку да се олади па внимателно прелијте ја тортата само од горе и малку да се разлие од страна. Или украсете си по ваша желба.

Добар апетит =)

Да се извинам и за не баш убавите фотографии, но во брзање не стигнав да го сликам финалниот изглед на тортата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани