Ова е моја верзија на Сникерс торта прилагодена по вкусот на домашните која се надевам ќе ви се допадне.
Пред да почнете со подготовка кикириките испечете ги без сол, откако ќе изладат излупете и измелете ги а оние за декорацијата оставете ги цели.
Подготовка на пандишпанот
1. Рерната вклучете ја на 180 степени да загрева.
2. Јајцата разделте ги посебно белките, а посебно жолчките во садови за матење.
3. Матете ги посебно со по две лажици шеќер. Потоа соединетете ги и размешајте ги со шпатула. Додајте ги брашното, прашокот за печиво и чоколадото и размешајте убаво со шпатулата.
4. Смесата префрлете ја во тава за печење обложена со хартија.
5. Печете околу 20 минути. Откако пандишпанот ќе биде готов извадете го и замотајте го во памучна крпа и оставете го така да излади.

Во меѓу време подгответе го филот.
1. Од шеќерот и водата направете шербета во топлиот шеќер растопете го чоколадото, додајте ги и мелените бисквити, мелените кикирики и црниот газиран сок и зазмешајте.
2. Смесата повторно вратете ја на огнот.
3. Јајцата и млекото разматете ги и додајте ги во смесата на огнот. Мешајте непрекинато додека смесата не ја добие потребната густина. Имајте предвид дека смесата лесно може да ви загори затото неуморно и непреќинето мешајте додека не се зусти и стане како крема. Тргнете го филот од оганот и оставете да се олади, од време на време мешајте го за да не фати коричка.

Пандишпанот разделете го на два дела. Филувајте ја тората и декорирајте од страните со сели кикирики и рендано чоколадо одозгора.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани