Слатката павлака се загрева со постојано мешање и пред да зоврие се додава чоколадата. Се меша убаво и се трга настрана да се олади. Во оладената смеса се додава нутелата, кикириките и бисквитите. Убаво се изедначува смесата и се полнат калапите.

300гр чоколада се растопува со 8 лажици зејтин и се премачкуваат калапите. Со четка убаво се нанесува и се става во фрижидер 3-4 минути. Се повторува уште1-2 пати и се полнат калапите, па се затвараат со слој од чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела