Сникерс пралини
Состојки
- 150мл слатка павлака
- 150гр црна чоколада за готвење
- 100гр покрупно мелени печени кикирики
- 2 лажици нутела или некој друг крем
- 2 лажици мелени бисквити
- 300гр чоколада за премачкување на калапите
- 8 лажици зејтин
Подготовка
Слатката павлака се загрева со постојано мешање и пред да зоврие се додава чоколадата. Се меша убаво и се трга настрана да се олади. Во оладената смеса се додава нутелата, кикириките и бисквитите. Убаво се изедначува смесата и се полнат калапите.
300гр чоколада се растопува со 8 лажици зејтин и се премачкуваат калапите. Со четка убаво се нанесува и се става во фрижидер 3-4 минути. Се повторува уште1-2 пати и се полнат калапите, па се затвараат со слој од чоколада.