Смути (јаболко, грозје, смокви)
Сезоната на јаболката, грозјето и смоквите е во полн ек, па затоа започнете го денот со смути богато со антиоксиданси и витамини.
Подготовка
1. Овошјето го миеме убаво, јаболкото го лупиме и сецкаме на помали парчиња, смоквите истотака.
2. Сите состојки ги ставаме во чашата од блендерот и блендираме до хомогенизирање. Послужуваме веднаш.
*Забелешка - Кај мене сите овошки беа доволно благи и не ставив засладувач, инаку по потреба додадете 1-2 лажички мед. Количината на вода прилагодете ја според вашиот вкус.
*Совет - Доколку сакате да правите смути со додаток на грозје преку целата година, во тој случај слободно можете да го замрзнете грозјето (зрната грозје ставете ги во некој сад) и по потреба користете го во комбинации по ваш вкус.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани