1. Капинките внимателно се мијат во гергев. Се редат во тенџере, ред капинки ред шеќер и лимонтус.
2. Вака се остава да стои цела ноќ.
3. Следниот ден слаткото се вари на јак оган 45 минути, со протресување на тенџерето.
4. После варењето се покрива со влазна крпа и се остава да се излади. Се собира во тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани