Интересен рецепт, слатко од диња.
Ја сечеме дињата на коцкички.
Делиме 200 гр од шеќерот и посипуваме врз сечканите парчиња.
Оставаме така преку ноќ во ладилник.
Го цедиме сокот што го пуштила дињата и додаваме остатокот од шеќерот.
Прелеваме вода колкуда го покрие шеќерот.
Ќе зоврие шербетот, па ги пуштаме коцките диња.
Полека лабаво промешуваме.
Се варат коцките диња заедно со шербетот се додека дињата не стане прозирна.
Се собира топло во тегличките.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови