Овие слатки шампињони за Клара, нели таа не сака да јаде вистински и природата што ни дарува, е вака ќе си направи и ќе кажува секаде дека пројала печурки. Клара, вака ќе си ги спремиш, гледај и читај..
1 чаша = 250 мл.

Рерната вклучете ја на 200 степени.
1. Пенесто изматете го маргаринот или путерот заедно со шеќерот во прав. Додадете јајцата, продолжете да миксате кратко време, додајте ванилата.
2. Во садот во кој сте мателе сега додадете го брашното измешано со нишестето и пецивото. Продолжете да месите со рака, ако ви е лепливо за раката, додадете уште малку густин или брашно (но мислам дека нема да ви е потребно)
3. Одделувајте од тестото парчиња и правете топчиња и веднаш редете ги во плекот обложен со хартија за печење на одредена далечина едно од друго, нема многу да се шират така да не мора да ги ставате на преголема далечина.
4. Во мала чинија ставете какао, грлото на малото шише или модличка малку ја натопете во вода (ова за да се залепи какаото) брцнете во какаото и втиснете на секое топче во средината сосема малку налегнувајки. Така направете и обележете ги сите топчиња.
5. Ставете да се печат околу 10-15 мин.

Совет
- Внимавајте кога ке ги печете, пожелно е да останат бели што кај мене во овој случај за малку ги пропуштив и не навремено ги извадив од рерната оти бев почнала милион работи да работам. Демек кај мене малку ги исунчав повеке, за некоја минутка, оставете ги да оладат. Првиот загриз веднаш ќе ви каже што тоа спремивте...
- Користев како модла флашичката од течната ванила екстрат...
Нека ви бидат во сласт!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани