Слатки вафли со чиа семе (посно)
Кога нема лепче, пост е, а и треба набрзина да се појадува ова е идеален појадок за моите домашни. Е сега тие што не постат ќе си намачкаат крем врз вафливе...хахахаха...кој како сака, по негов вкус...може со мармалад, со џем, со млеко со чај...по сопствен избор.
Подготовка
1. Најпрво апаратот го премачкуваме со масло, со помош на силиконска четка
2. Го вклучуваме апаратот за вафли, да ни се загрева.
3. Ги соединуваме сувите состојки, па кон нив ги додаваме влажните. Матиме со миксер или со лажица, додека смесата стане еднолична.
4. Ставаме од смесата во загреаниот апарат, поклопуваме и чекаме да се испечат.
5. Ги наросуваме со шеќер во прав пред служење.
Забелешка
Во зависност од тоа каков апарат имате, зависи и колку ќе ставате од смесата. За да ви излезат рамномерни насекаде потребно е да ја распоредите смесата со лажица, насекаде по плочите за вафли. Ќе внимавате премногу да не ставите за да не ви нараснат многу и смесата да не ви излезе/растече надвор од апаратот.
Или пак правете ги мали, како на фотографијата, вафличето со џем што е, односно ставајте со лажица.
Инаку од истава смеса може и крофнички во апарат да се подготват.
Лиценца: Сите права се задржани