Посни вафли кои се нежно крцкави од надвор, а меки од внатре.
Сите состојки ги ставаме во сад и ги промешуваме со миксер, а може и само да ги соединиме со лажица. Апаратот за вафли или тостерот го намрсуваме и го вклучуваме на висока температура. Од смесата ставаме на средината, поклопуваме и печеме околу 1-2 минути или да фатат коричка. Ги јадеме солени или благи, по желба.

Забелешка
Чашката е од 250 мл.