Една од освежителните сладолед торти

Прво правиме подлога. Мелените бисквити и путерот измешајте ги заедно и ставете ги на дното во форма во која ќе ја правите тортата.

За првот дел ставете во блендер капини, млеко и кондензирано млеко. Се заедно изблендирајте и истурете во формата над бисквити, ставете во замрзнувач.

За вториот дел шлагот изматете го во цврста пена, изрендајте кора од лимон и ставете ја во шлагот. Сокот од лимон исцедете го во шлагот, додајте шеќер во прав и убаво измешајте.

Второт дел ставете го на првот дел и ставете во замрзнувач да замрзне.

Тортата украсете ја со капини и парче лимон.

Во дел од лимон ја ставив малку жолта боја за да биде пожолта.