
3
мај
2012
Сладолед торта
Во сад ги матиме шлаг пената со минералната вода и шеќерот во прав. Кога ќе се измати смесата се дели на три дела. Во првиот дел се ставаат 100 гр. мелени бисквити, во вториот дел се става чоколадото во прав и крем-бананките исечкани ситно, а во третиот дел се ставаат јагодите претходно измиени и испасирани.
Во плехче ги редиме плазма бисквитите макнати во млеко. Потоа мачкаме од смесата со мелени бисквити, па смесата со крем-бананки и на крај смесата со јагодки. Одозгора декорираме со цели јагодки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови