Испечати

Сладолед торта

Сладолед торта

Состојки

  • 15 лажици(околу 300гр.) шлаг пена
  • 500 мл минерална вода
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 500 гр свежи јагодки
  • 100 грама мелени бисквити
  • 2 лажици чоколадо во прав
  • 5 крем-бананки
  • 30 бисквити
  • 15 цели јагодки за декорација

Подготовка

Во сад ги матиме шлаг пената со минералната вода и шеќерот во прав. Кога ќе се измати смесата се дели на три дела. Во првиот дел се ставаат 100 гр. мелени бисквити, во вториот дел се става чоколадото во прав и крем-бананките исечкани ситно, а во третиот дел се ставаат јагодите претходно измиени и испасирани.
Во плехче ги редиме плазма бисквитите макнати во млеко. Потоа мачкаме од смесата со мелени бисквити, па смесата со крем-бананки и на крај смесата со јагодки. Одозгора декорираме со цели јагодки.