Брз и превкусен сладолед од црни сливи, кој се прави за 10мин. Мармаладот од црни сливи го правев во рерна,од 2,8кг црни сливи, 500гр шеќер, пола чаша вода ми излегоа 2 тегли, а го печев околу 2,5 саати. На крај го изблендирав за да дојде мазна смеса. Најдобра опција ми е печењето бидејки стварно мразам да мешам мармалад на оган со саати.
Слатката павлака ја ставаме во пласичен сад и матиме со миксер, додаваме шеќер и матиме додека убаво не се зацрсти, додаваме млеко малку по малку и на крај мармаладот од сливи. Матиме повторно да се изедначи смесата. На крај додаваме повторно мармалад и мешаме рачно со лажица, но не да се соедини со смесата. Го ставаме во сад и го оставаме да се замрзни во замрзнувач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови