16
јул
2013
Сладолед со овошен јогурт и ликер
Едноставно, лесно и брзо. Можете да комбинирате со вашите омилени вкусови, да додадете овошје, јатки, чоколадо. Овој пат се решив за омилениот вкус од шумско овошје.
1. Прво изматете ја слатката павлака, но не многу цврсто, додека се формираат меки врвови (2-3мин.). Потоа додадете го јогуртот и ликерот, изматете да се соедини убаво и готови сме. Шеќер не додадов воопшто, немаше потреба, но може да си прилагодите по вкус.
Кутијата во која ќе го ставите сладоледот оставете ја претходно малку во замрзнувач, потоа префрлете го сладоледот и ставете убаво да се стегне. Пред служење извадете го и оставете на собна температура малку да се отпушти. Декорирајте по желба и служете.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани