Во еден мал сад се матат жолчките со шеќерот додека не добиете густа, светла пенлива смеса.
Во тенџерче на среден оган се загрева млкото со маскарпонето, ванилата и ситно изренданата кора од портокал, мешајки додека добро да се соедини и стани врело. Се прелева жешката смеса врз жолчките постојано мешајки со жица, а потоа се враќа во тенџерчето и се вари на средно тивок оган додека не се згусти толку да ја покрива во густ слој задната страна на лажицата, околу 10 мин. Се процедува и се остава во фрижидер потполно да се олади. Потоа се замрзнува во апарат за сладолед. Кога ќе е готово се додаваат три лажици мармалад од портокали и само се промешува да останат одвоени слоеви сладолед и мармалад. Се остава во добро затворена кутија во замрзнувач.
Пред да го користите сладоледот, оставете го на собна температура десетина минути.
Ако не користите апарат за сладолед, оладената смеса ставете ја во замрзнувач, па повремено промешувајте ја за да не се створат кристали. Кога е полусмрзната додадете го мармаладот, промешајте и оставете да се замрзне до крај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани