Сладолед од ванила и вишни
Домашен, млечен сладолед кој може да си го приготвите со додавање на овошје по ваш вкус.
1. Млекото и павлаката се загреваат да бидат жешки (не да вријат)
2. Жолчките се матат со шеќерот за да се добие крем. Постепено, полека се додава млекото со павлаката и постојано се меша на тивок оган додека да се згусне и да се сварат жолчките. Кога е готов се трга од оган се додава ванила и се остава да се олади.
3. Вишните со шеќерот се проваруваат на оган додека шеќерот да се стопи. Се трга од оган и се додава вишновачата (ликерот е по вкус, може да додадете друг или воопшто да не ставате)
4. Кога ќе се оладат на собна температура и сладоледот и вишните можете да го ставите во помали калапи за сладолед (или еден поголем) и да го ставите да се замрзне. Прво ставете еден слој, па ставете го да се подзамрзне, потоа ставете од вишните па повторно од сладоледот од ванила додека не ви се потроши смесата (ова од причина што ако ги ставите вишните одеднаш, ќе паднат сите на дното).
5. На здравје !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови