Посебна ванила торта со цреши или вишни
Ви имам кажано дека мојата пријателка Милица прави прекрасни и често невообичаени торти и многу пати ме инспирира и потткнува да ги спремам нејзините рецепти. Така е и во овој случај, при што истиот ден се фатив за работа и на крај бев многу среќна кога успеав во конечниот резултат.
Овој пат уживавме во торта приготвена од ронливо тесто како за суви колачи, во кое се обмотани свежи цреши директно од комшиската цреша собрани специјално за намената, завиткано како мазник и сето тоа филовано со ванила крем. Навистина убав предизвик да се приготви, несекојденвна и лесна и вкусна за јадење торта.
Брашното и пецивото се мешаат заедно.
Во сад за месење се става пола количина брашно и путерот исечкан на ливчиња, па се тријат низ раце што пократко време.
На страна се мати јајцето со шеќерот и киселата павлака, па се додаваат во садот за месење.
Нежно со префрлување се меси што пократко време да се соедини, па се покрива со фолија и се остава во фрижидер околу 1 час.
Оладеното тесто се дели на 2 дела и додека едниот се работим другиот стои во фрижидер.
Секое се развлекува во правоаголна форма и се сечи на ленти дебели по 7 см.
Користете набрашнување ако ви лепи и развалкувајте го врз 2 пек хартии или целофан од истата причина.
Црешите (а можи да се користат и вишни) можат да бидат замрзнати или свежи (јас користев свежи). Можи да ги набрашните или да ги извалкате во шеќер и секако да бидат добро исцедени (доколку ги користите свежи).
Врз секоја лента се редат едно до друго цреши и лентата од двете страни внимателно се затвора, при што полека се врти тој дел од долната страна.
Калап со пречник 22 см се обложува со пек хартија и во него се реди приготвената лента во круг како мазник.
Се печат две вакви теста на 170С околу 45 минути, од секој дел по едно и се оставаат да се ладат додека се приготвува филот.
Во дел од ладното млеко се раствора нишестето и пудингот, а останатото со шеќерот на рингла се загрева и се вари пудинг крем.
Кога малку ќе подолади во него се меша путерот и убаво се миксира до убав мазен крем. Се остава потполно да излади покриено да не фаќа кора.
Слатката павлака се мати со еден шлаг фикс . Малку повеќе од пола се меша со филот.
Врз секое испечено филовано ронливо тесто се мачка половина од филот, врз него половина од останатата слатка павлака, па второто тесто и исто и врз него се филова.
Тортата се остава половина час да отстои па се става во фрижидер неколку часа пред да се украси и послужи.