Сладолед крем колач со јагоди
1. Во намрсено тавче со димензии 20х30 го ставаме сечканото јаткасто овошје.
2. Белките се матат со шеќерот до цврст снег па се додаваат останатите состојки, се промешува и се става во тавчето со сечканите јатки. Печеме на 180 степени.
3. Во мал дел од млекото, околу 100 мл ги ставаме шеќерите, густинот, жолчките и брашното па убаво промешуваме. Остатокот од млекото го ставаме на оган да почне да врие. Кога ќе почне да врие ја ставаме смесата со жолчки и мешаме додека да згусне. Го тргаме кремот на страна, го додаваме белото чоколадо да се стопи па кремот го оставаме да се излади.
4. Путерот пенасто го матиме со шеќерот во прав па го спојуваме со изладениот крем.
5. Изладената кора ја премачкуваме со тенок слој џем за да ни се залепат сечканите јагоди. Јагодите ги сечкаме на половинки и ги редиме. Врз нив го ставаме кремот. Оставаме да се стегне на ниска температура во фрижидер. Декорираме со рендано чоколадо и јагоди.
Забелешка
Од јаткасти плодови ставив фстаци, бадеми и индиски ореви, може да си ставите и само ореви или пак по желба.
Фрижидерот ми беше вклучен на најниска температура кога го ладев колачето. Кога беше спремно за дегустација сите што го пробаа реагираа дека им личи на сладолед, па од таму и неговото име. Доколку сакате мислам дека може и во замрзнувач да се лади, ама така не пробав, зошто го снема за час.
Доколку немате џем од јагоди може да го направите набрзина и од свежи, на 250 гр јагоди оди 100 гр шеќер. Ставете ги јагодите со шеќерот да вријат. Кога ќе добијат одредена густина ставете им една лажичка лимонов сок и тргнете ги настрана. Ова и не е баш некој џем, јас би го нарекла прелив од јагоди.
Лиценца: Сите права се задржани