Ако имате апарат за печење леб еве рецепт за сладок леб со чоколадо, кој е особено лесен за подготовка.

Подготовка
1. Во садот за месење и печење најпрво ги ставаме водата и мармаладот, па потоа останатите суви состојки.
2. Чоколадото го сечкаме на ситни парченца, го додаваме и него, а ако имате чоколадни капки можете и нив да ги искористите.
3. Апаратот го вклучуваме на функција за печење колачи и го оставаме да си ја заврши работата.
4. Откако ќе се испече го оставаме кратко во садот, па го вадиме лепчето убаво да се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани