Сито торта
Пенасто изматете ги жолчките и шеќерот. Додајте ја врелата вода, маслото и на крај брашното, предходно измешано со какаото и прашокот за печење. Посебно изматете ги белките во цврст снег и додадете ги со помош на лажица внимателно мешајќи. Излијте ја смесата во тава бр.30 или некој погоден коцкест плех и испечете ја.
Ситото, во кое ќе ја редиме тортата ставете го во некој погоден сад, каде може да се цеди течноста од овошјето. Обложете го со круговите ананас и во празните места вметнете ги јагодите и портокалите или овошје по избор. Желатинот во неколку лажици ладна вода оставете да набубри, а во меѓувреме ставете го јогуртот, шеќерот и сокот од лимон на тивок оган, додека се растопи шеќерот и потоа додадете го подготвениот желатин. Внимавајте, смесата не смее да проврие. Оставете да се излади.
Слатката павлака изматете ја цврсто и во неа додадете ја изладената смеса со јогурт.
Изладениот паднишпан исечете го во големина на ситото, а остатоците исечете ги на коцки и во нив додадете го сокот од ананасот. Потоа, се заедно измешајте и додадете го и останатото овошје кое ви останало исечено на ситни коцки. Оваа смеса истурете ја во ситото обложено со овошје и потоа затворете го со кругот паднишпан. Оставете во фрижидер добро да се здрви.
Кога добро ќе излади тортата, истресете ја на рамна чинија за торти и прелијте ја со преливот за торти, предходно подготвен спрема упатството. Долниот дел, а по желба и горе филовајте ја со шлаг и украсете со овошје.
Тортата е многу сочна и освежтелна за летните денови, пријатен апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Bravo!
Cestitki za ubaviot recept !!
ви благодарам на сите <3