23
авг
2012
Сезонски овошен колач
Се матат јајцата со шеќерот, а потоа им се додаваат млекото и зејтинот. Брашното се меша со пецивото и се додава кон смесата. Овошјето се мие и се цеди па се меша со 2 лажици брашно(за да не падне на дното).
Во плех се истура смесата за колачот и одозгора се реди овошјето, па се става во загреана рерна на 180 да се пече. Одкако ќе се испече се посипува со шеќер во прав.
Ова е сезонски колач кој зависно од сезоната на овошје може да се прави со секое овошје. Во лето овој колач кај нас е најчесто правен лесен за подготовка и уште полесен за јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Vo leto ovie mi se najubavi kolaci, razlicno ovosje, razlicno dozivuvanje :))
fala aleksovska navistina e super:)
Овој колач ми се чини нема кој не го сака, од мали до најстари... како што велите, само омиленото овошје внатре и ммммммм....мх мх