Испечати

Сезонски овошен колач

Сезонски овошен колач

Состојки

  • 6 јајца
  • 2чаши шекер
  • 1чаша млеко
  • 1чаша зејтин
  • 3чаши брашно
  • 1 пециво
  • 300-400гр овошје(малини,капини,праски,вишњи)
  • 50гр шекер во прав

Подготовка

Се матат јајцата со шеќерот, а потоа им се додаваат млекото и зејтинот. Брашното се меша со пецивото и се додава кон смесата. Овошјето се мие и се цеди па се меша со 2 лажици брашно(за да не падне на дното).
Во плех се истура смесата за колачот и одозгора се реди овошјето, па се става во загреана рерна на 180 да се пече. Одкако ќе се испече се посипува со шеќер во прав.

Ова е сезонски колач кој зависно од сезоната на овошје може да се прави со секое овошје. Во лето овој колач кај нас е најчесто правен лесен за подготовка и уште полесен за јадење.