Одберете убави парчиња свинско месо. Сварете ги во солена вода, а потоа на силен оган запржете ги по некоја минута од двете страни.
За сосот од грав, најпрво сварете го гравот со кромидот, морковот и лукот, а потоа исцедете го.
Ставете го гравот во блендер, додајте од лутото масло (масло кое стоело заедно со исечкани лути пиперчиња, кај мене со мали, суви), зачинете по вкус, ставете доста свежо сомлен бибер и миксајте. По потреба додавајте од водата во која сте го вареле гравот, да ја добиете посакуваната густина. Ако немате од маслото, тогаш ставете некој лут сос.
Декорирајте со свежа салата. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови