Свинско со пикантен сос од грав
Состојки
- По 200 гр свинско месо по човек
- 300 гр варен грав
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 3-4 чениња лук
- Зачини сол, бибер
Подготовка
Одберете убави парчиња свинско месо. Сварете ги во солена вода, а потоа на силен оган запржете ги по некоја минута од двете страни.
За сосот од грав, најпрво сварете го гравот со кромидот, морковот и лукот, а потоа исцедете го.
Ставете го гравот во блендер, додајте од лутото масло (масло кое стоело заедно со исечкани лути пиперчиња, кај мене со мали, суви), зачинете по вкус, ставете доста свежо сомлен бибер и миксајте. По потреба додавајте од водата во која сте го вареле гравот, да ја добиете посакуваната густина. Ако немате од маслото, тогаш ставете некој лут сос.
Декорирајте со свежа салата. На здравје!