Месото од вечер убаво се премачкува со салото, малку сенф, се зачинува убаво со наведените зачини, убаво се трие и се остава во фрижидер. Другиот ден се става во тепсија или пекач, се налева пивото и водата, се покрива со фолија и се става во загреана рерна на 200 степени. После еден час се превртуваат целите парчиња, се ставаат компирите, малку наросени со месан сув зеленчук, измешани и се додава гранчето рузмарин . Повторно се покрива и се продолжува со печење додека месото целосно не омекни и се направат компирите, отприлика уште 1 час. Пред сам крај се трга фолијата или капакот убаво да се зацрвенат ребрата. На здравје!