Свинско месо во Вок тава
Месото треба да биде одмрзнато и едното и другото.
Се ставаат во Вок тавата со вода додека да зовријат и таа прва вода секогаш ја истурам.
Се истура водата од тавата и во неа останува месото, се додава празот исецкан, морковите на кругчиња и една лажица од зачинот, се полева со вода да го облие целото месо.
Тавата се затвора со капак и се става на оган, кога ќе зоврие водата се намалува температурата на шпоретот и се остава да се динста околу 2- 3 часа.
Кога месото ќе биде добра сварено се вади од тавата и од него се острануваат коските. Во месото се додава и зеленчукот се додава и по вкус сол и бибер и ручекот е готов.
Вака секогаш подготвувам месо, не бара многу време да бидам до него, само го оставам и веќе на крај може да се руча. И што е најбитно месото е многу ровко за јадење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови