Свинско месо во Air Frayer
Подготвив едно парче свинско месо со цел да испробам како ќе испадне во апаратот со топол воздух, а беше едно бидејќи само еден член дома јаде месо.
1. Парчето свинско месо (кртина) најпрвин го маринирав, го премачкав со сенф и го посолив со мешан сув зачин.
2. Следно, го завиткав во најлонска фолија и го оставив во фрижидер 2 часа.
3. Потоа го вклучив фраерот на 200 степени и штом се загреа, го ставив месото завиткано во алуминиумска фолија 20 минути. После тоа ја отворив фолијата и го оставив уште 10 минути на 180 степени да се допече и порумени.
Консументот оцени дека мевцето е убаво печено, кревко и вкусно.
Нареден пат ќе му испечам повеќе парчиња ха, ха.
(516)
Лиценца: Сите права се задржани