Исечете ги танко шницлите, ставете им малку лимонова коричка, набрашнете ги и испржете ги.
Направете го пирето по рецептот од кутијата и од него направете форми во вид на вулкан, избраздете ги, на врвот направете вдлабнатина која ќе ја наполнете со рендан кашкавал измешан со рендан морков. Запечете ги, да се разлее кашкавалот.
Сервирајте ги со сезонска салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани