Испечати

Свински шницли со вулкан-компири

Свински шницли со вулкан-компири

Состојки

  • 500 гр свинско месо за шницли
  • 1 кутија пире од компири
  • 100 гр кашкавал
  • малку рендан морков, зачини по вкус, масло, лимонова кора

Подготовка

Исечете ги танко шницлите, ставете им малку лимонова коричка, набрашнете ги и испржете ги.
Направете го пирето по рецептот од кутијата и од него направете форми во вид на вулкан, избраздете ги, на врвот направете вдлабнатина која ќе ја наполнете со рендан кашкавал измешан со рендан морков. Запечете ги, да се разлее кашкавалот.
Сервирајте ги со сезонска салата.