19
апр
2021
Свински врат во сос од пиво и печурки
1. Парчињата свински врат ги посолуваме и ги наросуваме со црн бибер. Се запржуваат од двете страни на врел зејтин колку да фатат кора и да ја задржат сочноста потоа во текот на динстањето. Ги вадиме од тавата.
2. На истата маснотија запржуваме ситно сечен кромид и морков. Кога се запржени, се додаваат исечените печурки и свеж магдонос. Пржиме кратко.
3. Во тавата во која ќе се печат, ставаме од зеленчукот, па ги редиме парчињата месо, одозгора пак од зеленчукот. Полеваме со пивото. Тавата ја ставаме во рерна на 200 степени и печеме околу 50 до 60 минути.
Прилогот е по ваш избор. На здравје ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови