Свински врат во сос од пиво и печурки
Состојки
- Состојки
- 600 гр свинско месо од врат (4 подебело исечени парчиња)
- 300 гр печурки шампињони
- 1 морков
- 2 главици кромид
- 500 мл пиво
- Потребно е уште зејтин, сол, црн пипер, магдонос
Подготовка
1. Парчињата свински врат ги посолуваме и ги наросуваме со црн бибер. Се запржуваат од двете страни на врел зејтин колку да фатат кора и да ја задржат сочноста потоа во текот на динстањето. Ги вадиме од тавата.
2. На истата маснотија запржуваме ситно сечен кромид и морков. Кога се запржени, се додаваат исечените печурки и свеж магдонос. Пржиме кратко.
3. Во тавата во која ќе се печат, ставаме од зеленчукот, па ги редиме парчињата месо, одозгора пак од зеленчукот. Полеваме со пивото. Тавата ја ставаме во рерна на 200 степени и печеме околу 50 до 60 минути.
Прилогот е по ваш избор. На здравје ручек.