Подготовка:

1. Излупете ги тиквичките и со алатка за лупење вадете тенки ленти по должина.
Лентите посолете ги и оставете ги така да омекнат додека го спремате филот.

2. Во подлабок сад ставете го измиениот булгур и попарете го со водата. Оставете го така 10-15 минути.
Потоа во него додадете ги останатите состојки за фил и убаво измешајте ги да се соединат.

3. На секоја трака тиквичка, се става по едно лажиче фил на почетокот и се витка во ролничка.
Ролничките се редат во тепсија едно до друго.

4. Во посебен сад ги мешаме состојките за преливот и со кутлача, потураме секаде одозгора врз ролничките тиквички. Печиме на 180С, додека испари водата.

5. Послужете со кисело млеко, кисела павлака или јогурт. Секако, тука одлично се совпаѓа и таратур, како прилог или одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови