Сармички од тиквички
Состојки
- 2-3 поголеми тиквички
- Фил
- 150 гр булгур + 150 мл врела вода
- 300 гр мелено месо
- 1 мала главица ситно сечкан кромид
- 1 лажица густа доматна паста
- 1 чешне лук (пресовано)
- грст-два ситно сечкан магдонос
- сол и и зачини (црвена пипер, оригано, пимент, мешан сув зачин или по ваш избор)
- Прелив
- 1 лажица густа доматна паста
- 400 мл вода
- 80-100 мл масло
Подготовка
Подготовка:
1. Излупете ги тиквичките и со алатка за лупење вадете тенки ленти по должина.
Лентите посолете ги и оставете ги така да омекнат додека го спремате филот.
2. Во подлабок сад ставете го измиениот булгур и попарете го со водата. Оставете го така 10-15 минути.
Потоа во него додадете ги останатите состојки за фил и убаво измешајте ги да се соединат.
3. На секоја трака тиквичка, се става по едно лажиче фил на почетокот и се витка во ролничка.
Ролничките се редат во тепсија едно до друго.
4. Во посебен сад ги мешаме состојките за преливот и со кутлача, потураме секаде одозгора врз ролничките тиквички. Печиме на 180С, додека испари водата.
5. Послужете со кисело млеко, кисела павлака или јогурт. Секако, тука одлично се совпаѓа и таратур, како прилог или одозгора.