Во нашиот дом омилен зеленчук.
Често користена во варива, пити, сармички со месо, без месо.....
Сезоната на блитва е во полн ек.
Кај нас на пазарите најзастапена е зелената, но може во некои краеви да се најде и онаа жолта или портокалова блитва.
На морето, неизбежен додаток е со морски плодови и риба како гарнир.
Често во Далмација се вели, блитва со риба, а не обратно, риба со блитва, бидејќи ја сметаат за ексклузивно јадење.
Спаѓа во многу здрав зеленчук.
Колку листовите се позелени, тоа значи дека има добра концентрација на железо и калциум. Нискокалорична, богата со витамини.
Искрено ви ја препорачувам да ја воведите во вашето мени.

Е ај сега како ја спремам.
Прво соините трошки се потопуваат со вода, да набабрат и омекнат.
На загреано масло прво се пропржуваат сецканиот кромид и морков.
Потоа се додава исчистениот ориз и исцедените соини трошки.
Се зачинува по вкус. Се запржува уште 2-3 минути.
На веќе бланшираните листови блитва, на кои им се извадени белите делови, во средината им ставаме по 1-2 лажиче од филот и виткаме сармички.
Се редат во сад за печење.
Се наливаат со вода, колку да ги покрие и се печат околу 30-40 минути.
Се служат со кисело млеко, таратур....

На ист начин ја спремам и со мелено месо-250 гр мелено месо и 100 гр ориз.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани