Сармички од блитва со мајчина душичка и чаден свински бут
На загреано масло прво се пропржуваат сецканиот кромид и морков.
Потоа се додава измиениот ориз.
Се запржува се заедно.
Се додава сол, бибер, зачин, изронати гранчиња мајчина душичка и ситно сецкан чаден свински бут.
Запржуваме уште кратко.
На веќе бланшираните листови блитва, на кои им се извадени белите делови, во средината им ставаме по 1 лажиче од филот и виткаме сармички.
Се редат во сад за печење.
Се наливаат со вода, колку да ги покрие и се печат околу 30-40 минути.
Пожелно е при печењето да се покријаат со 1,2 листа блитва, но овој пат не ми останаа, хахах
Не е грешка и така да се печат.
Ги сервираме заедно со кисела павлака
Лиценца: Сите права се задржани