Сандали за постапалки - декорација
Мислам дека оваа идеа вреди да ја имаме овде.
Ова е сандала,калап за веќе подготвената постапалка.
Лесна за изработка, а многу интересна и убава за око.
Ние ја добивме постапалката вака добро спакована,па решив да подготвам повеќе и различни модели кои ќе останат за пример.
Според калапчето со кое ги правевте постапалките,мерете си на картончето. Пресечете две исти подлоги.
Со шарена хартија направете ја правата лента која ќе ги држи прстињата.
Изборот е ваш,каква хартија ќе користите.
Ако сакате да направите за машко детенце,тогаш направете ги позатворени сандалките.
Од задната страна кај петата повторно ставете хартија која ја превиткавте во два дела како на сликите.
Затворете ја сандалката со истата подлога.
Наместо хартија,како врвца за врзување на сандалката може да користите сатенска лента.
Имате слики доволно,па ако не е јасно објаснувањето, погледнете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ete kaj nas vo Bt, postapalki ne se pravat...samo turte za niknuvanjeto na prvoto zapce...
A, Nadica turte vie pravite za prvoto zapce?
Разни краеви, разни обичаи.Затоа овде се ќе си научиме.
Ние не правиме ништо за никнувањето на запче.Ако убаво е да се знае и ова вашето :)
различни краеви различни обичаи =), иначе многу убаво изгледаат, многу декоративни =)