Сандали за постапалки - декорација
Состојки
- 2 парчиња картон
- 1 течен лепак
- 4 шарени листови
- 2 сатенски ленти
Подготовка
Мислам дека оваа идеа вреди да ја имаме овде.
Ова е сандала,калап за веќе подготвената постапалка.
Лесна за изработка, а многу интересна и убава за око.
Ние ја добивме постапалката вака добро спакована,па решив да подготвам повеќе и различни модели кои ќе останат за пример.
Според калапчето со кое ги правевте постапалките,мерете си на картончето. Пресечете две исти подлоги.
Со шарена хартија направете ја правата лента која ќе ги држи прстињата.
Изборот е ваш,каква хартија ќе користите.
Ако сакате да направите за машко детенце,тогаш направете ги позатворени сандалките.
Од задната страна кај петата повторно ставете хартија која ја превиткавте во два дела како на сликите.
Затворете ја сандалката со истата подлога.
Наместо хартија,како врвца за врзување на сандалката може да користите сатенска лента.
Имате слики доволно,па ако не е јасно објаснувањето, погледнете.